Утрински Весник
Култура

Гран при за Никола Ристановски на фестивалот во Никшиќ

Гран при за Никола Ристановски на фестивалот во Никшиќ

Никола Ристановски е добитник на наградата гран при за најдобра машка улога на 18. Меѓународен фестивал на актерот, Никшиќ 2022, Црна Гора, за улогата д-р Стокман во претставата „Народен непријател“ во режија на Нина Николиќ.

dobivaj vesti na viber

Оваа награда му ја додели жирито во состав: Тања Бошковиќ, претседател, и Славиша Чуровиќ и Тања Перишиќ, членови.

Таа е трета награда по ред за истата улога по оние на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, и на фестивалот „НОВ ТВРДИНА ТЕАТАР“, Србија.

Истовремено таа е и уште една театарска награда во низата награди која тој ја добива, а со тоа е и најтрофејниот актер во историјата на македонскиот театар.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“