Утрински Весник
Скопје

Градоначалникот на Гази Баба: Скопје и скопјани не го заслужуваат ова

Zoo Sk 960x591 1.jpg

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на фејсбук се осврна на скандалот со Зоолошката градина, како и состојбата во Јавните претпријатија на градот Скопје.

„Нашето Скопје и скопјани не го заслужуваат ова! Утрово сите нас не дочека веста дека угинала една од слониците во Зоолошката градина што не е прв скандал во функционирањето на институцијата во последниот период.

Жално и крајно неодговорно е однесувањето на менаџментот на Зоолошката градина, а секако и на градоначалничката Арсовска да се сокрие од јавноста еден ваков случај.

И ова не е единствениот скандал кој последните денови го има во нашето Скопје. Уште пострашна е состојбата во ЈСП Скопје каде што гледаме во континуитет како автобуси се палат, остануваат дефект, а граѓаните ни колабираат од топлото време бидејќи не работат уредите за климатизирање на автобусите.

Ништо поразлично не е и во ЈП Комунална хигиена. Претпријатието има во функција мал број на возила за подигање на комуналниот смет и како резултат на тоа улиците во градот се полни со ѓубре по неколку недели.

Едноставно во градот Скопје функционира единствено промената на директорите на јавните претпријатија.

Ниту Скопје, ниту скопјани не го заслужуваат ова! На Скопје час поскоро му е потребна функционална градска администрација и функционални Јавни претпријатија кои ќе бидат сервис на скопјани“, напиша Стефковски.

Можете да прочитате

Град Скопје ја разреши директорката на „Лајка“, Анима Мунди бара итно повлекување на одлуката

Кисела Вода и Илинден ќе добијат нови полициски станици

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на Аеродромци