Утрински Весник
Македонија

Градоначалникот на Чаир: Со промоцијата на паркот „Украина“ порачавме дека сме со ЕУ, САД и украинскиот народ

Градоначалникот на Чаир: Со промоцијата на паркот „Украина“ порачавме дека сме со ЕУ, САД и украинскиот народ

„Паркот Украина“ вчера беше промовиран во општина Чаир, поточно во близина на општинската зграда.

dobivaj vesti na viber

„Со промоцијата на Паркот Украина ја пренесовме пораката дека секогаш ќе бидеме со Украина и со украинскиот народ, исто како и нашите пријатели – Европската Унија и Соединетите Американски Држави“, изјави градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу во оваа прилика.

Тој рече дека војната не е решение за ниту еден проблем, а уште помалку убивањето на невини цивили, бидејќи со војна не можеме да го промениме светот на подобро, но со мир ДА.

„ Нашата нобелистка Мајка Тереза, која толку многу го сакаше мирот и само мирот, ќе речеше: Не сите од нас можеме да правиме големи работи. Но, можеме да правиме мали работи со голема љубов. И денес ние правиме едно такво нешто. Сакаме да ја пренесеме пораката дека сите сме со Украина и со украинскиот народ и со нив сме од почетокот на војната и против агресијата врз нив“, рече Ганиу.

​Од друга страна, амбасадорката на Украина Лариса Дир рече дека овој предлог на градоначалникот на општина Чаир, г. Висар Ганиу, беше одлична вест.

„Оваа инспиративна вест беше многу контрастна во споредба со вестите што секојдневно ги добиваме од самата Украина. Денеска имаме одлична можност да добиеме од општина Чаири на град Скопје морална и духовна поддршка, која е бесценета“, рече амбасадорката. Таа посака „Паркот Украина“ во општина Чаир да биде светол, расцутен, пријатен, исполнет со детска радосна смеа, детска забава.

Можете да прочитате

Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките