Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Градоначалникот на Бутел бара од Спасовски итно да ги реши случаите со напади врз деца во автобус 57

Расправија и тепачка во автобус на ЈСП поради билет
300x250 opst2

Барам Спасовски итно, брзо и одлучно да ги реши случаите со нападите врз деца од Радишани и Бутел на територија на Чаир во автобус со број 57, пишува градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.

dobivaj vesti na viber

„Оставив неколку дена се со цел да не предизвикам дополнителна паника. Но после вчерашниот случај кој е дел од низа случаи насилство во автобусот 57ца, каде веќе извесен период особено во последниов месец на територија на општина Чаир се напаѓаат деца од Радишани и Бутел враќајки се дома од центарот на градот.

„Чашата е прелиена, како градоначалник на општина Бутел лично од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски барам брзо, остро, и без никакво заташкување да реши овој проблем, додека не е предоцна. Остро ги осудувам сите кукавички напади врз мирни млади деца кои дома ги воспитуваат дека насилството како опција не постои и треба да се остави во 19. век. Не сакам да верувам дека овие чинови имаат било каква позадина, и затоа велам насилството раѓа насилство и од таму сите надлежни органи ги повикувам да реагираат веднаш!“, порача Костовски.

Додаде дека за неколку дена од сега како градоначалник на Бутел ќе организира тркалезна маса на која ќе бидат повикани челниците на МВР, лидерите на верските заедници и претавници на загрижените родители, се со цел од блиску да ја следиме ситуацијата и да превенираме додека не е доцна. Доколку е потребно ќе формираме посебно тело за решение на оваа загржувачка ситуација, вели Костовски.

Можете да прочитате

Каранфилова Пановска: Промените во Вевчани доаѓаат со Стефан Радиновски, да се избориме за нашиот дом!

Димитријевиќ од Дебрца: Пензионерите станаа жртва на лагите на Мицкоски и ДПМНЕ

Поранешен сопруг ја следел и вознемирувал жената две години, ОЈО бара притвор