Утрински Весник
Македонија

Градинката во Врапчиште на минусни температури оставена без струја

Gradinka.webp.webp

Општина Врапчиште наложила да се исклучи струјата во градинката во Врапчиште на температура од -5 степени, објави Министерството за социјална политика, демографија и млади со обвинување за градоначалникот на Врапчиште- дека ги крши правата на децата.

Во дописот до медиумите, од Министерството велат дека откако на градоначалникот му се одземени ингеренциите во социјалниот сектор за градинката во Врапчиште, тој го одзел и возилото со кое е доставувана храна на деца во градинкатата во село Добри Дол.


Возилото е вратено на училиштето во центарот на општината. Од 31-ви јануари до денес, транспортот на храна за деца во клонот на градинката во Добри дол се врши отежнато и со приватни коли, информира министерството.

Поради тоа, но и поради денешното исклучување на струјата во централата на градинката „Пранвера“, ресорното министерство смета дека и градоначалникот и општината вршат грубо кршење на Законот за заштита на децата.

Можете да прочитате

Еве како изгледа првиот дата центар во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: За СДС и Филипче секоја нова инвестиција е повод за политички манипулации

ЛДП: Владата да се огради – нема место за глорификација на осудени за геноцид