Утрински Весник
Македонија

Градежните компании од Куманово ја добија битката со градоначалникот Димитиревски пред Уставниот суд

Picture 483 660x500 1.jpg

Уставниот суд денеска ја укина Одлуката за суспензијата од приемна на Деталниот урбанистички план во дел од урбаната единица „Б. С. Гојчо“ во Куманово, донесен на седница на општината, бидејќи оценил дека има отстапки во постапка за донесување на оспорената одлука. Судот, како што наведуваат во соопштението, оценил дека Одлуката е донесена во спротивност со член 23 ста 6 од Законот за урбанистичко планирање. Подносители на иницијативата се градежните компании ДПТУ „УПМ-ГРУП“ ДООЕЛ Куманово, ТДВНППУ „ХРОМАК Емил“ ДООЕЛ увоз – извоз Куманово кои веќе водат судска постапка против кумановскиот градоначалник и кандидат за претседател, Максим Димитриевски. -Уставниот суд на денешната седница ја укина Одлуката за суспензија од примена на Детален урбанистички план за дел од Урбан блок 48 (дел 2) и за дел од У. Е. „Б. С. Гојчо“, дел од Урбан блок 44, плански опфат помеѓу бул. „Трета МУБ“, ул. „Перо Чичо“, ул. „Прва петолетка“ и ул. „Миле Кипра“-Општина Куманово, (2018-2023) со површина од 3.24ха, со технички број 18/18 од јули 2021, изработен од ДУПИ Планерис ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, донесен со Одлуката бр. 09-9525/41 од 28. 12. 2021 година, број 09-4569/3 од 6 јуни 2023 година („Службен гласник на Општина Куманово“ број 9 од 07. 06. 2023 година), донесена на 6 јуни 2023 година од страна на Советот на општина Куманово, информираат од Судот. Уставниот суд оценил дека има отстапки во постапката за донесување на оспорената одлука, кои претставуваат повреда на начелото на владеењето на правото, предвидено со членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот. Судот оценил дека Одлуката за суспензија на Деталнот урбанистички план е донесена во спротивност со членот 23 став 6 од Законот за урбанистичко планирање. Како што се наведува во соопштението, согласно Законот, по претходно добиено мислење од министерот за транспорт и врски, барателот на мислењето, Општина Куманово изработува стручен елаборат и во конкретниот случај добиеното мислење не е во насока за донесување на оспорената одлука за суспензија, бидејќи Општината не успеала преку стручниот елаборат за суспензија да докаже постоење на штета по јавниот интерес. -Конкретно, во мислењето од надлежниот министер за транспорт и врски се наведува дека стручниот елаборат на општината не содржи конкретни податоци со кои се докажува несомнена штета по јавниот интерес, која е воочена во текот на спроведување на планот. Урбанистичкиот план кој е суспендиран со оспорената одлука на Општината, е донесен на 28 декември 2021 година, информираат од Уставниот суд.

Можете да прочитате

Четврти Меѓународен форум на креативни индустрии во Скопје

Локалното новинарство во фокусот на осмото издание на Медиумскиот фестивал Скопје

Свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен