Утрински Весник
Скопје

Град Скопје започна со обновување на јавните површини во центарот

Image 2025 12 11 115210220.png

Градот Скопје продолжува со интензивни активности насочени кон обновување на јавните површини и подобрување на урбаниот амбиент. Во фокусот е враќањето на достоинствениот изглед на централното градско подрачје, со посебен акцент на местата што со години беа занемарени и оставени без основно одржување. Со засилен ангажман и координација на сите градски служби, започнати се интервенции со кои се враќа функционалноста, безбедноста и убавината на просторот што секојдневно го користат илјадници граѓани и посетители.

– Деновиве интензивно се работи на сите страни низ градот. Го средуваме она што со години беше запоставено, а требаше да се одржува секојдневно, затоа што Скопје го заслужува најдоброто. На плоштадот „Македонија” се заменуваат скршените и пропаднати плочки, фонтаните што подолго време беа оставени на забот на времето повторно ги враќаме во функција, а пристапните патеки конечно ќе престанат да бидат предизвик и мачнина за граѓаните. Скопје мора да биде достоинствен, уреден и убав град, токму таков како што го паметиме и каков што сакаме да го оставиме за идните генерации. Го правиме тоа за нас, но и за сите гости кои секојдневно доаѓаат да го запознаат нашиот главен град, се вели во објавата на градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.


Можете да прочитате

Почнува пријавувањето за манифестацијата „Украсуваме по скопски“

Ѓорѓиевски на средба со Агелер

(ФОТО) Огромна дупка на булеварот „Киро Глигоров“ во Аеродром