Утрински Весник
Скопје

Град Скопје со апел до Славевски да ја стави иницијативата на приватните превозници на седница

Grad Skopje.jpg

Град Скопје преку соопштение го провика претседателот на советот на Град Скопје, Трајко Славевски да ја стави иницијативата на приватните превозници на седница. Од градот испратија обвинувања за непринципиелни политки, лични интереси и партиски приоритети.

„Приватните превозници редуцирано сообраќаат поради револт за неразгледување на нивната иницијатива за која може да расправа и да донесе одлука единствено Советот на Град Скопје. Тие имаат доставено барање до претседателот на Советот на град Скопје Трајко Славевски пред неколку месеци, кое според Деловникот за работа на Советот на град Скопје требаше да биде ставена на разгледување пред советниците во Советот веднаш без одлагање. За жал, тактиката на мнозинството во Советот да се креира незадоволство и предизвика хаос за граѓаните на градот Скопје, преку спречување набавка на нови еколошки автобуси и обидот за девастирање на јавниот превоз со неисплаќање на долгот кон ЈСП од 8 милиони евра кој го има Владата за превоз на студентите и студентскиот стандард“, се вели во соопштението на градот.

Можете да прочитате

Новогодишна бајка: Џевахир Мол блесна во новогодишно руво (ФОТО)

Теа Таировиќ го освои Скопје – спектакл се случи синоќа во арената “Борис Трајковски”

СДСМ: Хаосот во Скопје продолжува, Славевски и ДПМНЕ го окупираа советот и донесоа невалидни одлуки