Утрински Весник
Македонија

Град Скопје: Се ревидира зошто Перински вработил речиси 100 лица во ЈП „Водовод и канализација“

Град Скопје: Се ревидира зошто Перински вработил речиси 100 лица во ЈП „Водовод и канализација“

„По најава пред еден месец за вонредна ревизија на вработувањата кои ги склучил екс-директорот на ЈП `Водовод и канализација` Скопје, Златко Перински покажа дека речиси 100 лица се нововработени за неколку месеци“ соопштуваат од Град Скопје.

dobivaj vesti na viber

Оттаму порачуваат дека „Градот Скопје нема да толерира расипничко однесување кое претставува дополнителен товар врз буџетот во услови на економска и енергетска криза. Од тие причини се ревидира оправданоста на новите вработувања во ЈП `Водовод и канализација` – Скопје“.

„Партизацијата и корупцијата е рак на македонското општество, но и на државните институции кои повеќе од 30 години се деградирани од однесувањето на одредени поединци. Нема да дозволиме средствата на граѓаните да се трошат за вдомување на партиски кадри и нема да се дозволи корупција, непотизам и остварување на лични и теснопартиски интереси, нема да дозволиме да се прави нешто што е на штета на скопјани“ се вели во дописот.

Можете да прочитате

Сообраќајот непречено, по суви коловози

Сончево и топло со температури до 30 степени

Од вкупно испуштените води во 2024 година пречистени се само 22 отсто