Утрински Весник
Македонија

Град Скопје: Поради советниците од коалиција ДПМНЕ-СДСМ, скопјани нема да добијат 50 модерни автобуси

Град Скопје: Половина милион евра годишно земаат советниците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а ја кочат секоја одлука

Коалицијата ДПМНЕ – СДСМ работи против интересите на граѓаните во Советот на Град Скопје, реагира Град Скопје по седницата на која настана расправија бидејќи претседателот на Советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денес одби по четврти пат да ја стави на дневен ред во Советот за гласање предлог точката за набавка на нови еко-автобуси.

dobivaj vesti na viber

„Само поради антинародната коалиција ДПМНЕ – СДСМ во Советот на Градот Скопје, скопјани нема да добијат 50 нови, модерни и еколошки автобуси. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се обединети кога станува збор за паушалите од по 500 евра кои ги земаат советниците, обединети по однос на паушалите кои ги земаат нивните кадри во надзорните и управните одбори, обедините кога се работи за партиските вработувања, но се нема слух кога станува збор за интересите на граѓаните. Славевски како и останатите советници од ВМРО-ДПМНЕ се шетаа од врата на врата промовирајќи ја програмата ‘За модерно Скопје’ на градоначалничката Данела Арсовска, а сега откако станаа дел од Советот работат спротивно на интересите на граѓаните и прават се за програмата која ја доби довербата на граѓаните да не се исполни“, се вели во реакцијата на Град Скопје.

Од тука додаваат дека Градот ниту е пред банкрот, ниту ќе банкротира и прави се што е технички возможно да ги врати долговите кои ги наследил од претходните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои, како што се наведува, работеле недомаќински и ги задолжиле скопјани за милионски суми.

Арсовска претходно денес им кажа на советниците дека не си ги заслужуваат паушалите. Таа излезе на говорница откако советниците одбија долгорочно задолжување на Градот за нови еко-автобуси да биде додадено како точка на дневниот ред, но прифатија да се додаде точка за субвенции за клима – уреди и субвенции за замена на азбестните покриви за социјално загрозените граѓани.

„Секој месец по 500 евра од човек плаќа секој граѓанин за вас тука за да дојдете да седите да попувате, да продавате политика и да не ги поддржувате сите оние работи кои на нив им се неопходни“, рече Арсовска.

На денешната седница Советот ќе разгледа информација за финансиската состојба на Градот и јавните претпријатија, а ќе има и информација за состојбата со изгорениот мост „Беласица“.

Можете да прочитате

Силјановска Давкова: Генералка викенд да прерасне во Генералка 365 дена, штитејќи ја природата се штитиме себеси

СДСМ: Убиствата станаа секојдневие, Тошковски нема контрола над безбедноста

ЛДП: Владата ја прифаќа иницијативата на ЛДП за референдумско отповикување