Утрински Весник
Македонија

Град Скопје ни знае што сте организирале, ни каде пари сте трошеле, a сакате ние да сме виновни, му рече Арсовска на Ристовски

Screenshot 20250727 095830 gallery.jpg

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска врати на обвинувањата на министерот за спорт, Борко Ристовски дека таа била виновна за катастрофалната организација на Европскиот младински олимписки фестивал.

„Борко како министерство за спорт и Влада цела година ја организирате младинската олимпијада, милиони потрошивте, не дозволивте град Скопје никаде да биде вклучен и сега сакаш ние да сме виновни?


Аман ова веќе ни во штаб не ви поминува, а не пак меѓу граѓаните. Сакавте со МОК да сте организациски одбор, нас не исклучивте целосно, да се фалите сами со олимпијада во Скопје.

Градот ни знае што сте организирале, ни каде пари сте трошеле, ни не поканивте да сме дел од процесите, ни на отварање не не поканивте. Дека сте вие организатори и домаќини, се гледа по тоа што пола партија и 10 министри ја отворивте олимпијадата“, објави Арсовска.

Можете да прочитате

СДСМ бара оставка од министерот за спорт Борко Ристовски

Пожарот кај Крива Паланка се шири кон куќите, стигна и до Србија

ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ БРАН ЗАМИНУВА: Доаѓа многу попријатно време!