Утрински Весник
Магазин

Грајмс смета дека борбата меѓу Маск и Закерберг е неминовна, но таа би сакала да не се случи

Грајмс смета дека борбата меѓу Маск и Закерберг е неминовна, но таа би сакала да не се случи

Грајмс смета дека борбата во кафез меѓу Илон Маск и Марк Закерберг ќе се случи, но таа претпочита да не е така.

dobivaj vesti na viber

Пејачката, која има двегодишен син и седуммесечна ќерка со шефот на „Тесла“, призна дека верува оти борбата ќе биде добар издувен вентил за машкоста на деловните магнати, но таа е загрижена да види како таткото на нејзините деца станува физикалец.

„Сакам гладијаторски натпревари, но да го гледате таткото на вашите деца во физичка пресметка не е најпријатно чувство“, признава таа во интервју за магазинот WIRED. „Ова секако нема да предизвика оштетување на мозокот, па, всушност, мислам дека ќе биде добро. На дечките им треба издувен вентил за традиционална машкост“.

Пејачката на „Џенезис“ (35) признава дека не е сигурна кој од нив двајцата ќе излезе на врвот.

„Илон е многу силен, но Зак изгледа како многу да тренирал“, рече таа.

Можете да прочитате

Колку пати е безбедно да пиете вода од исто пластично шише?

Зошто смеењето е клучно за развојот на мозокот на вашите деца

Грешка која ја прават повеќето возачи при користење повеќесезонски гуми