Утрински Весник
Скопје

Граѓаните револтирани: И на +40 степени автобус на ЈСП се чека по 30 до 40 минути (ВИДЕО)

Jsp avtobusi 1 bg 960x551 1.jpg

Хаосот во градскиот јавен превоз во Скопје никако да се среди, но по се изгледа моменталната ситуација е полоша од било кога.

Граѓаните кои ги анкетираше екипата на 24Инфо велат дека автобус на ЈСП понекогаш се чека дури 30 до 40 минути, а иако поретко, понекогаш се случува истиот и воопшто да не дојде.

Повеќето од нив се револтирани и велат ситуацијата е катастрофална. Релациите се долги, а автобуси има се помалку, па тие се приморани долг период да чекаат на автобуските станици дури и на овие пеколни температури од 40 степени.

Некои велат имаат слободна, па кога ќе видат дека автобус нема се качуваат и прекачуваат во повеќе автобуси за да стигнат дома, додека други пак истакнаа дека се случува да чекаат и до час и половина, но сепак се задоволни од превозот затоа што го има.

Анкетата погледнете ја во продолжение:

Можете да прочитате

На вработените во пералната на Клинички им е исплатен дел од старите плати

Без струја дел од корисниците во Аеродром и Студеничани

Кирков: Скопје издржало многу, ќе ја издржи и Арсовска уште неколку месеци