Утрински Весник
Македонија

Граѓаните можат да пријават изборни нерегуларности во сите канцеларии на Омбудсманот

Dsc 0152.jpeg

За време на денешниот прв круг од локалните избори, граѓаните кои ќе се соочат со повреди на своето избирачко право ќе можат да поднесат пријава до Народниот правобранител преку бесплатната телефонска линија 0800-54321, која е активна од 7 до 19 часот — од отворањето на избирачките места па сè до завршувањето на гласањето.

Покрај тоа, пријави можат да се поднесат и лично во сите седум канцеларии на Омбудсманот низ државата: во Скопје, Битола, Куманово, Кичево, Струмица, Тетово и Штип.


Граѓаните можат да се обратат и директно на следните броеви:

Тетово: 044 344-082
Струмица: 034 329-996
Кичево: 045 228-586
Битола: 047 242-310
Штип: 032 389-701
Куманово: 031 431-488
Од Канцеларијата на Народниот правобранител информираат дека институцијата ќе презема итни мерки за заштита на правата на граѓаните, со барање за ефективно постапување од надлежните органи во изборниот процес и другите институции.

Омбудсманот потсетува дека избирачкото право е загарантирано со Уставот и претставува едно од основните човекови права, кое е еднакво, општо и непосредно за сите граѓани.

Можете да прочитате

Полицајци, наставничка и пожарникар зeмале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Кривична за охриѓанец, украл марихуана од фабрика за медицински канабис во која бил вработен

За еден ден пријавени повеќе случаи на насилство врз и од малолетници