Утрински Весник
Скопје

Граѓаните ќе протестираат против донесениот ДУП за населба Лисиче

Lisice 1 1 750x375 1.webp.webp
Dik 300x250 mk

Граѓаните од населбата Лисиче се организираат на протест против ДУП-от, кој според нив беше шверцерски донесен и ќе значи бетонизација на Лисиче. Спорниот ДУП за градска четврт ЈИ 09.01 за населба Лисиче вчера беше „шверцерски“ доставен до Советот на Општина Аеродром, како дополнителна точка непосредно пред почетокот на седницата.

ДУП-от беше донесен со 16 гласа „за“ и 11 „против“, а советниците од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Тимчо Муцунски не одговараа на прашањата поставени од опозициските советници на СДСМ.

Во повикот за протест на социјалните мрежи, граѓаните повикуваат да се спротивстават на бетонизацијата на Лисиче и да кажат не за судбината скроена од општина Аеродром. Протестот е закажан во 18:30 пред општината.

Со овој ДУП се овозможува изградба на висококатница на 12 ката, на крстосницата помеѓу булеварите „Србија“ и „12-та Македонска бригада“

Можете да прочитате

Пајак службата отиде во Чаир и Бит пазар да крева непрописно паркирани автомобили (ФОТО)

Во Обвинителството нема пријава за злоупотреби во Комунална хигиена

Делови од две скопски општини во понеделник без вода