Утрински Весник
Економија

Граѓаните да аплицираат до крајот на месецот: Зголемен опфатот на домаќинства со ниски приходи за субвенции на сметката за струја

Граѓаните да аплицираат до крајот на месецот: Зголемен опфатот на домаќинства со ниски приходи за субвенции на сметката за струја

Министерството за економија и во 2023 година продолжува со субвенционирање на сметката за електрична енергија за домаќинства со ниски приходи.

dobivaj vesti na viber

Јавниот повик за оваа мерка беше објавен на 27 јануари на веб-страницата на Министерството за економија и ќе трае до крајот на февруари.

За оваа мерка се обезбедени 60 милиони денари, а ќе се субвенционираат од 600 до 800 денари од сметката за електрична енергија на домаќинствата во зависност од вкупните месечни приходи кои ги остваруваат.

Можете да прочитате

УПОЗ не отстапува од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година