Утрински Весник
Македонија

Граѓаните јасно проговорија дека времето на манипулаторите е завршено, порачаа од ВРЕДИ

Vlen 585x329 1.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Изборите што ги нарекоа „референдум“ завршија како политички суд против оние што го држеа албанскиот народ како заложник 23 години со лаги и измами. Граѓаните јасно проговорија дека времето на манипулаторите е завршено – се наведува во денешното соопштение на „ВРЕДИ“ (ВЛЕН).

– Двата круга од овие избори докажаа дека Демократската Унија за Интеграција е избришана од политичката карта на Северна Македонија. По две децении манипулација, оваа партија стана мала структура, без поддршка и без политички легитимитет. Ова не го кажува ВЛЕН, го кажува слободниот глас на Албанците – стои во соопштението.

Во првиот круг, ВРЕДИ убедливо победи во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино и Теарце. Во вториот круг, Албанците ја запечатија промената во Боговиње, Дебар, Струга, Долнени и Тетово. Овие победи не се случајности, тие се отворено отфрлање на старата политика и потврда на вербата во новата политика.

– Албанците точно знаат кој работи, а кој измамува, кој дели, а кој обединува. Ова јасно гласање е крај на една ера и почеток на нова визија за албанската политика. ВЛЕН го чита овој резултат како почеток на политика на одговорност, мерена со работа, понизност и почит кон граѓанинот. Нема да зборуваме за губитниците бидејќи Албанците веќе проговорија – додадаат од ВРЕДИ.

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари