Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Граѓани на Херсон: Немаме ниту струја ниту вода, но не ни е грижа

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!
Img 7972

Дописникот на „Скај њуз“ Алекс Роси се наоѓа во центарот на Херсон, каде што Украинците продолжуваат да го слават вчерашното влегување на украинските сили во градот.

Тој разговараше со граѓани кои му рекоа дека иднината конечно е во нивни раце бидејќи повеќе не мора да се плашат дека Русите ќе ги убијат.

„Погледнете ги овие луѓе, погледнете ги во нивните очи. Тие дишат слободно за прв пат по осум месеци. Не можете да го кажете тоа со зборови. Ние сме слободни“, изјави еден жител на Херсон за „Скај њуз“, додавајќи: „Ние повеќе не треба да гледаме назад на улица или да се плашиме дека Русите ќе не убијат нас или нашите семејства“.

На прашањето што е следно во војната, тој рече: „Периодот на опоравување ќе биде долг, но мислам дека луѓето сега разбираат дека иднината е во нивни раце. Ќе мораме да ја градиме иднината со свои раце и подготвени сме. Чувствуваме одговорност за нашата земја и иднината. Мислам дека иднината е светла“.

„Чувствувам среќа. Чувствуваме слобода и не се плашиме. Немаме струја, немаме вода, но не ни е грижа затоа што нашите момчиња (војници, оп.а.) се на улица. Не се плашиме“. рече друг граѓанин на Херсон.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот