Утрински Весник
Македонија

ГП Евзони вечерва повторно затворен

Evzoni.jpg

Сообраќајот на граничниот премин Евзони – Богородица од 19 часот е во прекин за сите типови возила, поради блокади од страна на грчките земјоделци, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта во државава се одвива непречено, по претежно суви коловози.

АМСМ потсетува дека од 15 ноември започнала законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, која ќе трае до 15 март 2026 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Можете да прочитате

Со сослушување сведок и вешти лица продолжи судењето во Велес за опожарената куќа во Капиново

Средба Мицкоски – Сјаојан: Односите меѓу нашите две земји се темелат на заемна почит, разбирање и соработка

Одржано подготвително рочиште за случајот „Крмзов“, првото рочиште закажано за 27 март