Утрински Весник
Балкан

ГП ,,Евзони” повторно затворен за сообраќај

Evzoni.jpg

Повторно е блокирана границата за сообраќај за влез и излез од Грција кон Македонија за сите возила. Границата е затворена за сообраќај од 18 часот и ќе биде се до 22 часот по локално време.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, за вечерва планирана е блокада и на граничниот премин Ники (Меџитлија) од 19 до 23 часот по локално време, а ќе се однесува само на товарните возила.

Блокади има и на другите гранични премини на Кипи кон Турција, каде што не е дозволен сообраќај на камиони, додека пак на Промахонас кон Бугарија, земјоделците попладнево ја затворија границата за товарни возила, на неодредено време, со што, според државната телевизија ЕРТ, и на грчка и на бугарска страна веќе има километарски колони од камиони.

Во текот на утрешниот ден, земјоделците ќе одржат нов состанок за да ги одредат нивните следни чекори.

Можете да прочитате

ЕК ги започна преговорите за вклучување на Западен Балкан во европската шема „Роаминг како дома“

Драма на небото над Србија: Воени ловци пресретнале патнички авион по дојава за бомба

Анталија во центарот на глобалниот дијалог за климатските промени како домаќин на COP31