Утрински Весник
Македонија

Гостиварецот кој го убил татко си, да ги прикрие трагите го измил телото и го подготвувал за погреб

Policija 3.webp.webp

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека извршило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

При вршење семејно насилство во домот во гостиварската населба Дутлок осомничениот 33-годишник со умисла го лишил од живот сопствениот татко. Тие започнале расправија заради претходни меѓусебни недоразбирања, по што синот физички го нападнал таткото, удирајќи го со рака и тврди метални предмети се додека не му нанел тешки повреди од кои оштетениот починал.


Веднаш по настанот осомничениот ги прикрил трагите, а телото на починатиот го измил и го подготвувал за погреб. Меѓутоа настанот бил откриен преку пријава од анонимен граѓанин од странски телефонски број, по што полициски службеници излегле на лице место, а увид изврши и јавен обвинител и веднаш нареди обдукција.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради ризикот од бегство, како и опасноста да влијае врз сведоците и да ги прикрива трагите.

Можете да прочитате

Одложено судењето против 13 полицајци за пожарот во дискотеката „Пулс“

Енергетско партнерство што отвора врати: Македонија и Австрија ги поврзуваат студентите, науката и индустријата

Почнува кампањата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас”