Утрински Весник
Македонија

Гостиварец фатен со марихуана додека бил во домашен притвор

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведени пет лица

Гостиварец, додека издржувал мерка куќен притвор, бил фатен со марихуана.

dobivaj vesti na viber

Претресот бил извршен на 18 јануари во куќа во која осомничениот издржувал мерка куќен притвор за друг кривично-правен настан. Притоа полициските службеници, најпрвин со личен преглед на осомничениот, пронашле 9,59 грама марихуана, а потоа во помошна просторија во куќата откриле уште 164 кесички со вкупно 333,39 грама марихуана и дигитална вага со траги од дрога.

Од тие причини постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори во согласност со член 215 став 1 од Кривичниот законик, па јавниот обвинител поведе истрага против осомниченото лице.

По предлог на надлежниот јавен обвинител, Основниот суд во Гостивар на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.​

Можете да прочитате

ЦУК: На бројот 112 во изминатото деноноќие 1697 повици, се гаселе девет пожари на отворен простор

Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме

Средба на министерот Муцунски со Комесарот за трговија на Обединето Кралство, Крис Бартон