Утрински Весник
Економија

Горивата поевтинуваат

Поскапуваат бензините и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,75 % во однос на одлуката од 9.12.2022 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,878%, кај дизелот за 2,729%, кај екстра лесното масло за 2,516% и кај мазутот намалувањето е за 2,069%.

Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95, Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98, се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,686 ден/кг и сега ќе изнесува 39,370 ден/кг.

Од 13.12.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС – 95 76,00 (денари/литар)

Моторен бензин Еуросупер БС – 98 78,50 (денари/литар)

Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 78,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 39,370 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,151%.

Можете да прочитате

Левица: Власта со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Речиси целосно искористени средствата од унгарскиот кредит наменети за поддршка на домашните компании, премиерот задоволен од инвестицискиот раст

Митреска: Монетарната политика на Народната банка ја поддржува ценовната стабилност во економијата