Утрински Весник
Македонија

Гори шума над селото Нивичани, загрозени викенд куќички, интервенираат пожарникари, ДПД и работници на „Национални шуми“

20250724201705 big 730x400 20.webp.webp

Гори шума над селото Нивичани, на Осоговските Планини, петнаесетина километри од Кочани. Пожарот е пријавен вечерва, нешто по 18 часот. Според информациите од теренот, огнот зафатил поголема површина и претставува закана за неколку викенд-куќи во близината на селото.

Од Територијалната противпожарна единица – Кочани информираат дека се ангажирани сите расположливи средства и дека гаснењето се  одвива во координација со Доброволното противпожарно друштво и екипи на ЈП „Национални шуми“.


– Пожарот се шири со голема брзина поради сувата вегетација и повремениот ветер. Во момементот 40 пожарникари и доброволци се вклучени во локализирање и заштита на објектите,  соопштија од кочанската противпожарна служба.

Надлежните апелираат граѓаните да избегнуваат движење во близина на пожарот и уште еднаш потсетуваат на потребата од внимателно однесување во природа, особено во летниот период кога опасноста од пожари е зголемена.

Можете да прочитате

Ангелов: Најтежок за гаснење е пожарот на тромеѓето меѓу општините Василево, Берово и Радовиш

Надлежните се борат со 11 активни пожари: Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Штип

Хеликоптерите на МВР фрлија повеќе од 30 тони вода