Утрински Весник
Свет

Горбачов ќе биде погребан на 3 септември

Горбачов ќе биде погребан на 3 септември

Погребот на последниот претседател на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов, ќе се одржи во сабота на 3 септември на гробиштата Новодевичи, изјави денеска за Интерфакс неговата ќерка Ирина.

dobivaj vesti na viber

– Погребот ќе се изврши во сабота на гробиштата Новодевичи. Прошталната ќе се одржи во Синдикалниот дом – рече таа.

Ќерката на Горбачов не можеше да одговори на прашањето дали ќе се организира државен погреб.

Михаил Горбачов, последниот претседател на Советскиот Сојуз, почина вчера на 92-годишна возраст,пренесе Телеграф.рс.

Можете да прочитате

Трамп: САД нема да употребат сила за да го преземат Гренланд

Хоџа-Габриел: Стратешко партнерство за европски инвестиции во животната средина

Унгарската влада најави 300 милиони долари помош за угостителите