Утрински Весник
Спорт

Горан Станиќ нов селектор на У21 репрезентацијата!

Img 9971.jpeg

Новото раководство на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), предводено од претседателот Масер Омерагиќ, донесе низа одлуки на денешната седница на Управниот одбор.

Во своето прво обраќање, Омерагиќ најави големи промени во младинските селекции, а веднаш по тоа сите досегашни селектори беа разрешени. Меѓу нив е и Драги Канатларовски, кој од 2021 година беше селектор на репрезентацијата до 21 година.


Наследник на Канатларовски ќе биде актуелниот тренер на Работнички, Горан Станиќ. Под негово водство, тимот од Дебар Маало имаше извонредна полусезона, делeјќи го лидерското место во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) со Силекс и Шкендија.

52-годишниот Станиќ има богато искуство со младинските категории на македонската репрезентација. Тој беше селектор на У19 до 2020 година, а претходно ја водеше и У17 селекцијата. На Европското првенство во 2021 година, Станиќ беше дел од стручниот штаб на сениорската репрезентација.

Оваа одлука е првиот чекор во реформите што новото раководство на ФФМ ги најавува за подигнување на квалитетот на македонскиот фудбал.

Можете да прочитате

Роналдо: Саудиската лига е подобра од француската

МТКФ ги прогласи најдобрите каратисти за 2024

Ембиид казнет со 75.000 долари за непристојни гестови на натпреварот со Бостон