Утрински Весник
Македонија

Горан Миленковски од МВР за „Слободен печат“: Лага е дека сум извадил посмртница за да не плаќам кредит!

Mvr.webp.webp

Горан Миленковски, полициски службеник во СВР Штип, за кого деновиве беше објавено дека „извадил посмртница за да избегне да плаќа кредит и дека така ги заглавил своите колеги од ЕБР кои му биле жиранти да го исплаќаат“, во изјава за „Слободен печат“ комплетно ја негира приказната. Таа приказна всушност, ја раскажа Антонио Станковски, екс командант на ЕБР во поткаст.

-Никогаш не сум имал умреница на мое име, а камо ли да ја прифати некоја банка. Во конкретниот случај, се работи за мобинг што врз мене го вршеше Станковски, мојот поранешен надреден, кој што на состанок пред 400 души, сите од ЕБР, на монитор, со слајд, имаше презентирано умреница без фотографија и на неа го беше испишал мојот прекар што ми го даде тогаш а кој гласеше „Гого сиромавиот“.


На состанок пред сите колеги суптилно и прикриено ме малтретираше на ваков начин, бидејќи не сум уплатил пари за лекување на неговото дете. А не уплатив, затоа што ми беше блокирана сметката бидејќи бев самиот жирант на друго лице, кое што не го плаќаше кредитот. Јас сум жирантот, а не сум тој што го зел кредитот! Јас плаќав туѓ кредит и затоа ми беше блокирана сметката и не можев да донирам. За недонирањето, си сносев последици, во форма на малтретирање и вакви измислици. Кредитот беше во „Комерцијална банка“. Банката ќе излезе со демант, дека немаат прифатено никаква умреница на мое име, ниту пак таква постоела!

Значи, постои судска пресуда во која што се гледа дека јас сум жирант, а тој што го зел кредитот не го плаќал истиот. И јас го плаќав. Затоа ми беше блокирана сметката, бидејќи во тоа време извршителите не блокираа една третина од платата како сега, туку целата плата. И затоа не можев да донирам за Станковски, па тој ми вадеше суптилни некролози без слика, за да ме вознемирува и да ме малтретира пред колегите, изјави Миленковски за „Слободен печат“.

Целиот текст прочитајте го на „Слободен печат“ со клик ТУКА.

Можете да прочитате

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следната седмица ни следуваат многу дожд и локално невреме

Министерката Димитриеска-Kочоска во работна посета на САД

Љутков: Доцнењето е поради долгогодишниот, нерешен проблем со усогласувањето на платите на вработените во културата, извинете за оваа непријатност