Енис Барди постигна гол за Трабзон, но не успеа да го спречи поразот на својот тим на гостувањето кај Хатајспор. Во рамките на 20.коло, аутсајдерот го победи актуелниот шампион на Турција со 2:1 (0:0).
Барди го постигна првиот гол на натпреварот. Македонскиот репрезентативец, во деветтата минута постигна гол со глава по асистенцијата од Бакасетас. Барди теренот го напушти во 56.минута, кога на неговото место тренерот Авчи го испрати Египќанецот, Трезеге.
Bardhi!!!
Que bola do Bakasetas! pic.twitter.com/c5uIwsru6j
— GonçaloDias17 (@goncalo_diass17) January 28, 2023
Водството стекнато во првиот дел, Трабзон го испушти на стартот од вториот дел кога во 47. и 50.минута по гол постигнаа Ел Каби и Јилдирим.
Со овој пораз Трабзон речиси ги загуби шансите за одбрана на титула. Трабзон се наоѓа на шестото место, има натпревар повеќе и десет бода помалку од лидерот Галатасарај.