Утрински Весник
Спорт

Голмански домино-ефект – Зомер во Интер, Онана во Јунајтед

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Извесно е дека голманот на Интер, Андре Онана кариерата ќе ја продолжи во Манчестер јунајтед. Преговорите меѓу двете страни се интернзивираа во изминатите денови. Интер за голманот бара 55.000.000, а Јунајтед нудат фиксни 45.000.000 и 5.000.000 евра преку разни бонуси.

dobivaj vesti na viber

Соочени со фактото дека Онана ќе го напушти Интер, клупските челници веднаш се активираа на пазарот. Фабрицио Романо пишува дека Интер ќе се обиде да го ангажира голманот на Баерн Минхен и на швајцарската репрезентација, Јан Зомер (34).

Зомер оваа зима пристигна во Баерн за 9.000.000 евра откако помина речиси цела деценија во Борусија Менхенгладбах. Зомер беше решението, откако Мануел Нојер ја скрши ногата на скијање.

Во договорот со Швајцарецот има клаузула според која тој може да го напушти клубот за истата цена за која беше доведен. Во случај на негова продажба, според информациите на Романо, Баерн не би се потпирал само на Нојер, кој се опоравува од повреда и има 38 години. На врвот на неговата листа со желби е Гиорги Мамардашвили (22), голманот на Валенсија и грузиската репрезентација.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина