Утрински Весник
Свет

Големи пожари во Тексас, евакуирно население, 4000 домови без струја

Pozar.jpg

Големи шумски пожари во Тексас продолжуваат да беснеат додека сите противпожарни служби се обидуваат да го задржат пламенот, пишува Гардијан.

Пожарот во Смоукхаус Крик е втор по големина шумски пожар во Тексас досега, проголта повеќе од 500.000 хектари во Тексас Панхендл откако започна во понеделникот.

Пожарот моментално не е под контрола, а жителите на неколку окрузи во Тексас се евакуирани.

Пожарот се прошири нашироко поради невообичаено високите температури и силниот ветер, а пламенот се засили на сувите тревни површини.

Вчера беше наредена задолжителна евакуација за неколку окрузи во Тексас, откако гувернерот Грег Абот прогласи катастрофална состојба. Повеќе од 4.000 домови во Тексас моментално се без струја.

Можете да прочитате

Болтон ќе плати 2,25 милиони долари казна и ќе одработи 100 часа општествено корисна работа поради задржување доверливи информации

Хезболах ги отфрли преговорите меѓу Либан и Израел под покровителство на САД

Црвениот крст упати итен апел за помош по разорните земјотреси во Венецуела