Утрински Весник
Спорт

Големата награда на Кина нема да се вози и во 2023 година

Големата награда на Кина нема да се вози и во 2023 година
Ss2

Ригорозните мерки што ги презема Кина за сузбивање на инфекцијата со Ковид-19, дефинитивно, ја откажаа трката во Шангај.

dobivaj vesti na viber

Организаторите на Големата награда на Кина се надеваа дека прв пат од 2019 година најбрзиот циркус ќе може да се врати во најнаселената земја во светот, но со оглед на правилата, кои се актуелни во земјата, тоа, едноставно, не е можно.

Во овој момент во календарот за 2023 година повторно има 23 трки. Раководството на Формула 1 разговара за можни замени.

„Во Кина сè уште е во сила „нултата политика кон Ковид-19, што значи строги заклучувања, а настаните како оној што би се одржал на патеката во Шангај се строго забранети“, објави ФИА.

Во моментот има четиринеделна пауза во календарот на Ф1 од почетокот до крајот на април и не се знае дали ќе се вметне уште една трка помеѓу Големата награда на Австралија и Големата награда на Азербејџан. Прв фаворит за место во календарот е португалската патека Портимао.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FORMULA 1® (@f1)

Ss1

Можете да прочитате

Скандал во Премиер лигата: Двајца фудбалери уапсени под сомнение за силување

Ограбена куќата на Лука Вилдоза во текот на натпреварот на неговиот тим во Евролигата

Арсенал пукна „петарда“ во мрежата на Челзи