Утрински Весник
Свет

Голема победа за Трамп по драматичната одлука на Врховниот суд

Tramp.jpg

Врховниот суд на САД денеска пресуди во корист на кандидатот за републиканска претседателска номинација, Доналд Трамп, дозволувајќи му да остане на гласачкото ливче и ја поништи одлуката на сојузната држава Колорадо со која беше дисквалификуван поради неговото наводно учество во нападот на Капитол. на 6 јануари 2021 година.

Судиите на Врховниот суд ја соопштија одлуката еден ден пред утрешниот „супер вторник“, кога гласачите во околу 15 сојузни држави одат на внатрепартиски избори, пишува Вашингтон пост.

На крајот на минатата година, властите во Колорадо донесоа одлука со која го прогласија Трамп неподобен за функцијата претседател на САД.

Можете да прочитате

Трамп ја нарече Норвешка „скапана земја“ поради одлуката да не му биде доделена Нобеловата награда за мир

Нуњез: За време на протестите во викендот во Франција, приведени се 1.435 лица, полицискиот час е се уште на сила

Авион во Франкфурт се обидел да полета во погрешна насока