Утрински Весник
Скопје

Голема екоакција за собирање текстилен отпад во Општина Аеродром

Ekoakczija za sobirane tekstilen otpad.jpg

Компанијата „Тексомак“ во соработка со Општина Аеродром организира екоакција за собирање текстилен отпад.

Првиот дел од оваа акција започнува утре, вторник, 8 април. Контејнери, каде што граѓаните ќе можат да го оставаат текстилниот отпад, ќе бидат поставени на следниве локации:


  • ООУ „Лазо Ангеловски“
  • ЈДГОА „Срничка“ (главен објект)
  • ООУ „Љубен Лапе“
  • ЈУДГ „Буба Мара“ (главен објект)
  • ООУ „Браќа Миладиновци“
  • Зад „Капитол мол“(пред влезот на „Рамстор“)

Текстилниот отпад треба да биде добро спакуван во пластични ќеси со цел да се избегне негово оштетување.

Следниот чекор е едукација по училиштата и градинките што ќе се одвива во текот на наредниот период, а датумите ќе бидат дополнително објавени.

Можете да прочитате

Портокалова велосипедска тура по повод Националниот ден на Холандија

Базенот во Карпош затворен затоа што паднал парче од таванот

Силно невреме со грмотевици го зафати и Скопје (ВИДЕО)