Утрински Весник
Македонија

Голема акција на полицијата во Прилеп, се претресуваат домови и службени простории

Speciajalci tigri.jpg

Во Прилеп денеска се спроведува широка антикорупциска акција, потврдиле извори за „Слободен печат“. Акцијата ја координираат Финансиската полиција и Министерството за внатрешни работи (МВР), а е спроведена по налог на Обвинителството пишува 4news.

Според достапните информации, предметот на истрагата се сомневања за сериозни злоупотреби во работењето на Општата болница со проширена дејност во Прилеп. Полициските екипи вршат претреси на повеќе локации во градот.


Неофицијално, претреси се извршени и во домовите на неколку лица, меѓу кои Александар Спирковски – Џемо, Кети Смилеска и Влатко Петрески. Овие имиња се поврзуваат со потенцијалните нерегуларности што беа пријавени од страна на актуелното раководство на болницата.

Се очекува Обвинителството да излезе со официјални информации за резултатите од акцијата во текот на денот. Акцијата предизвика големо внимание во јавноста и повторно ја отвори темата за транспарентноста и отчетноста на здравствените институции.

Можете да прочитате

Битиќи: Во ребалансот власта не дава пари за плата од 100.000 денари за пожарникарите

Ѓорѓиевски им подаде рака на угостителите: Заедно за модерен Скопје

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија