Утрински Весник
Спорт

Голем скандал во Шпанија – Голманка тајно ги снимала соиграчките под туш

Fudbal.jpg

Шокантен скандал ја потресе шпанската спортска јавност – голманката на хокеарската екипа Сан Жорди Десвалес од Жирона е уапсена поради тајно снимање на своите соиграчи во соблекувалната и под туш.

Случајот доби дополнителна тежина бидејќи дел од снимените девојки наводно се малолетни. Проблемот бил пријавен во декември од страна на нејзините соиграчки, кои забележале сомнително однесување – голманката често го вртила телефонот кон нив за време на пресоблекувањето.


Полицијата испратила тајна агентка во соблекувалната, која ја фатила на дело 33-годишната голманка, потврдувајќи ги сомнежите. Во телефонот биле пронајдени снимки од соблекувалната, што доведе до нејзино веднашно апсење.

Клубот Сан Жорди веднаш излезе со соопштение во кое инцидентот беше осуден како неприфатлив и најави целосна соработка со полицијата и обвинителството. За случајот извести и шпанскиот весник „Марка“.

Можете да прочитате

Трамп го нарече „шлаканица во лицето“ за САД шоуто на полувремето на Супербоул

ЗОИ 2026: Норвешка лидер на листата медалисти

Релиќ со нов бронзен медал од Инсбрук, Австрија