Утрински Весник
Свет

Голем пожар во воден парк во Гетеборг

Голем пожар го зафати новиот воден парк Океана во шведскиот град Гетеборг, а голем облак од црн чад се шири низ градот. – Тоа е поголем пожар. Ние сме на местото на настанот, изјави Бјорн ван дер Каај, оператор за аларм и линија во Спасувачката служба во Гетеборг. Чад од пожарот може да се забележи во голем дел од градот, а според очевидци се видело и како паѓаат делови од тобоганот. Службите за итни случаи издадоа ВМА, односно Важно известување за јавноста „Менаџерот за спасување ги повикува сите во областа да одат во затворени простории и да ги затворат вратите, прозорците и вентилацијата“, се вели во пораката. На местото на настанот повикана е и полиција.
„Во моментов ѝ помагаме на спасувачката служба во нивната работа“, вели Аугуст Брант, портпарол за полицискиот регион Запад. Сообраќајот во околината на пожарот е привремено пренасочен. Како што информираат од СОС алармот, на местото пристигнала и Брза помош, но засега не е јасно дали има повредени. Забавниот парк Океан, опишан како „воден свет“  требаше да ги отвори вратите на почетокот на 2024 година. Во базенот ќе има вкупно 14 водени атракции. Вкупната површина е 13.600 метри квадратни, од кои надворешниот дел е 4.000 метри квадратни, а внатрешната сала за базен е 6.000 метри квадратни.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена