Утрински Весник
Македонија

Голем пожар во скопски Карпош утринава, изгореа два автомобили

Pozar.webp.webp

Два автомобили целосно изгореа утринава околу 5 часот на паркинг во близина на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, при што благодарение на брзата интервенција на пожарникарите беше спречено ширење на огнот кон други возила и објекти.

Според сведоштва на станари од околните згради, пред да го забележат пожарот, слушнале звуци налик на пукање и почувствувале силен и непријатен мирис.


Пожарот избувнал на паркинг простор каде биле паркирани десетици автомобили, што дополнително ја зголемило опасноста од поголема материјална штета. Огнот зафатил две возила кои целосно изгореле.

Жителите од околината изразуваат сомнеж дека пожарот можеби е подметнат, но засега нема официјална потврда за причините. Надлежните служби извршиле увид, а полицијата треба да утврди како дошло до избувнување на пожарот.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол