Утрински Весник
Економија

„Голдман Сакс“: Цените на гасот во Европа оваа зима веројатно ќе се преполоват

„Голдман Сакс“: Цените на гасот во Европа оваа зима веројатно ќе се преполоват
Dik 300x250 mk

Европските земји ќе можат да го издржат намалувањето на извозот на руски гас бидејќи се чини дека проблемите со снабдувањето се решени, се вели во анализата на водечката американска инвестициска банка „Голдман Сакс“.

dobivaj vesti na viber

Банката наведува дека цената на гасот веројатно ќе се преполови оваа зима бидејќи членките на ЕУ успешно работеа на избегнување на голем недостиг на гас. „Голдман Сакс“ вчера објави дека очекува европските големопродажни цени на природниот гас да паднат од околу 215 евра на под 100 евра за мегават час до крајот на првиот квартал од следната година, под претпоставка за просечни зимски временски услови, што е значително под претходно предвидените 213 евра.

Европските земји побрзаа да ги наполнат своите складишта за гас пред зимата, откако рускиот „Газпром“ го прекина снабдувањето, вклучително и преку виталниот гасовод Северен тек 1. Овој месец „Газпром“ го продолжи прекинот на протокот на гас низ гасоводот, без да прецизира во кој временски период тој ќе биде рестартиран.

„Неопределеното намалување на извозот преку Северен тек 1 ја остава северозападна Европа без никаков руски гас. Иако најчесто прашање сега е како оваа ситуација ќе влијае на складирањето на гасот, подобро е да се праша каков ефект ќе има врз цените за да може складирањето да продолжи“, велат аналитичарите од „Голдман Сакс“.

Аналитичарите очекуваат дека капацитетите за складирање ќе бидат исполнети во просек до 90 проценти до крајот на октомври и ќе останат повеќе од 20 проценти полни до крајот на март следната година, пишува „Гардијан“.

Можете да прочитате

Инфлација зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта, велат од СДСМ

Македонија и Грција на Бизнис-форум во Скопје

Угостителските услуги во октомври поскапи од лани за 3,9 отсто