Утрински Весник
Свет

Годишни технички прегледи и построги еко-тестови за возила постари од 10 години во ЕУ

Avtomobili.webp.webp

Европската комисија подготвува нов пакет мерки за учесниците во сообраќајот. Предлогот предвидува задолжителни годишни технички прегледи за сите автомобили и лесни комерцијални возила постари од десет години, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата и да се намалат штетните емисии.

Главната контроверзија произлегува од планот за ретроактивна примена на новите еколошки критериуми. Ова значи дека возилата регистрирани пред 2013 година (Евро 5б) и пред септември 2018 година (Евро 6в) би морале да поминат дополнителни тестови за емисии и честички кои не биле на сила во времето на нивната регистрација.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен предложи Канада да стане прва придружна членка на ЕУ

Белорусија започна воени вежби во близина на Полска и Литванија

Саудиска Арабија ги прекинува испораките на нафта кон Европа