Утрински Весник
Спорт

Goal.com: Мартинез ја напушта Белгија, ќе го наследи Куман во Барселона

Goal.com: Мартинез ја напушта Белгија, ќе го наследи Куман во Барселона
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Роберто Мартинез ќе биде новиот тренер на Барселона. Белгиецот по 10.октомври ќе седна на клупата на великанот од „Ноу Камп“. Мартинез на клупата ќе го наследи Роналд Куман.

Роналд Куман уште две недели ќе остане на клупата на Барселона, иако технички нема да го води тимот против Леванте и Атлетико Мадрид. Холанѓанецот е суспендиран поради црвениот картон, кој го доби синоќа против Кадиз.

Шпанското издание на порталот „Goal.com“, објави дека Роберто Маринез ќе се пресели во Барселона по завршувањето на завршниот турнир во Лигата на нации. Мартинез на турнирот ќе ја предводи репрезентацијата на Белгија.

Според овој извор, Мартинез својата одлука им ја соопштил на челниците на Фудбалскиот сојуз на Белгија. Белгијците ќе го пуштат селекторот за обесштетување од 1.500.000 евра, бидејќи неговиот договор истекува по завршувањето на Светското првенство во Катар.

Порталот, исто така, тврди дека Барселона и Матинез се уште не ги започнале преговорите, но фактот дека тој го известил Сојузот своите намери, се доволен показател дека прашање на денот е кога тој официјално ќе биде промовиран во нов тренер на Барселона.

Маринез е селектор на Белгија од 2016 година. Со оваа репрезентација во 2018 година го освои третото место на Светското првенство во Русија. Белгија под Мартинез веќе три години се наоѓа на првото место на ФИФА листата.

Пред Белгија, Мартинез ги предводел Свонси (2007-2009), Виган (2009-2013) и Евертон (2013-2016).

> Goal.com: Мартинез ја напушта Белгија, ќе го наследи Куман во Барселона <

Можете да прочитате

Роналдо не гласаше за најдобар играч на сезоната на ФИФА

Њујорк го победи Сан Антонио во финалето на НБА Купот

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер