Утрински Весник
Македонија

Го грабнале и го однеле во напуштена куќа, таму го присилиле да потпише договор за продажба на стан

1707406077 interventna policija kola 0 0.jpg

Тројца скопјани со закана со оружје извадиле 47-годишен маж од неговото возило го однеле во напуштена куќа, каде го присилиле да потпише договор за продажба на стан.

Според информациите од МВР, се работи за Н.Б.(53), Н.Х.(26) и Т.Љ.(21), сите од Скопје, против кои е поднесена кривична пријава за кривично дело „грабнување“.

„На 28.06.2023 во Скопје, пријавените со закана со огнено оружје и употреба на физичка сила го извадиле Џ.Б.(47) од неговото возило и го однеле во напуштена куќа каде го присилиле да потпише договор за продажба на стан, со цел од парите од продажба да му врати долг од 5.000 евра на првопријавениот“ соопшти МВР.

Можете да прочитате

ДУИ: Од потпретседател на Али Ахмети, заврши како портпарол на Мицкоски

Царинската управа заплени 204 банкноти и монети за колекционерски цели

Определен 48часовен притвор за четири лица осомничени за пожарот во Трубарево