Утрински Весник
Свет

ГЛОБАЛЕН АЛАРМ: ИЕА предупредува на енергетска криза – се бара работа од дома, пар-непар возење и помалку летови

Eu struja.jpg

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) предупредува дека светот влегува во нова сериозна енергетска криза и апелира до владите, компаниите и граѓаните веднаш да преземат итни мерки за намалување на потрошувачката на нафта. Овој драматичен повик доаѓа во време кога војната со Иран и проблемите во Ормускиот Теснец рапидно ги туркаат цените нагоре, предизвикувајќи страв од тежок глобален економски удар.

Историско ослободување на резерви, но тоа не е доволно Како одговор на кризата, ИЕА веќе го објави најголемото ослободување на стратешки резерви на нафта во историјата – вкупно 400 милиони барели. Сепак, пораката на агенцијата е јасна: самата интервенција со резервите не гарантира брзо смирување на пазарот и нема да биде доволна без паралелно и драстично намалување на побарувачката.


Според агенцијата „Ројтерс“, ИЕА смета дека краткорочните мерки за штедење се апсолутно неопходни доколку државите сакаат да го амортизираат ударот врз граѓаните и националните економии.

Враќање на радикалните мерки во секојдневието
Она што ја прави оваа криза специфична е тоа што таа веќе не е само тема за светските берзи, туку бара директни промени во организацијата на секојдневниот живот. За брзо намалување на притисокот врз пазарот, ИЕА ги препорачува следниве мерки:

Работа од дома каде што тоа е возможно;
Спроведување на мерката „пар-непар“ за движење на возилата по улиците;
Ограничување на непотребните летови и авионскиот превоз;
Споделување на превоз и генерално поголема енергетска штедливост во транспортот.
Од геополитика кон реални економски последици
Овие препораки силно потсетуваат на нафтените кризи од минатото, кога државите посегнуваа по слична комбинација од црпење државни резерви и строго ограничување на потрошувачката.

Алармот е вклучен поради сериозното нарушување на една од најважните енергетски рути во светот – Ормускиот Теснец. ИЕА отворено предупредува дека колку подолго трае ова нарушување во снабдувањето, толку поголем станува ризикот од енормно поскапи горива, поскап транспорт и сериозен пад на индустриското производство низ светот.

Можете да прочитате

Скандал во Британија: Сопруг ја дрогирал жената и ја давал на други мажи

Спречен обид за пробив во нуклеарна база во Шкотска од Иранци

Џорџија го укина на 60 денови данокот на гориво поради војната на Блискиот исток