Утрински Весник
Македонија

„Глетката е стравична“, коментираат жители од Ново село по пожарот кој зафати три куќи

Pozar Novo Selo.jpg

Жители на Ново село за ТВ21 коментираат дека глетката е стравична, откако попладнево пожар зафати три куќи. Благодарение на воздушната поддршка од еден армиски и еден полициски хеликоптер, пожарот е изгаснат.

„Глетката е стравична, горат три куќи“, коментираше за ТВ21 Климент Мутовчиев.

Претходно за пожарот информираше и Центарот за управување со кризи.

„Силен пожар попладнево изби во плевна на куќа во општина Ново Село кој потоа брзо се проширил на соседните три куќи. Огнот се шири многу бргу а во близина има бензинска пумпа. Триесетина струмички пожарникари се обидуваат да ја изгаснат огнената стихија но во дворовите на куќите има многу горлив материјал поради што гаснењето е отежнато. Кон пожарот се упатени и еден полициски и еден армиски хеликоптер. Полицискиот започнува со дејство а армискиот во секој момент ќе биде таму. Горат куќи од левата страна на главниот пат низ Ново Село од насока на Струмица“, информираше ЦУК.

Можете да прочитате

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри!

Македонска филхармонија го слави јубилејот со концертот „80 години – Љубов!“

Во Собранието пратенички прашања – 24info.mk