Утрински Весник
Свет

Главниот разузнавач на Украина: Пригожин ја поткопа позицијата на руската влада

Главниот разузнавач на Украина: Пригожин ја поткопа позицијата на руската влада
Dik 300x250 mk

Бунтот на Вагнер можеше да резултира со поделба на Русија на најмалку два дела, изјави шефот на Главната управа за разузнавање на Украина, Кирло Буданав.

dobivaj vesti na viber

„Доколку Пригожин тој ден влезеше во празниот Кремљ, ќе и покажеше на јавноста дека Кремљ е празен“, изјави Буданов за Воена зона. „Нема министри. Таму нема вистински високи функционери. Сите побегнаа, а тој ќе покажеше дека нема влада која моментално е на власт во Русија“, додаде тој.

Потоа продолжи:

„Но, од друга страна, некои функционери од Санкт Петербург или од друго место би почнале да тврдат дека тие се легитимната влада, што создава ситуација на две сили во земјата, кои веднаш би се поделиле“.

Буданов рече дека договорот меѓу Владимир Путин и Пригожин „купил малку време“ за руското раководство.

Тој, исто така, рече дека позицијата на руската влада како „целосно контролен столб на моќта“ е значително поткопана од постапките на Пригожин.

Можете да прочитате

Филипини се подготвува за нов супертајфун

Ужас во Дубаи: Масакриран руски милионер, телото фрлено покрај контејнер

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп