Утрински Весник
Свет

Главниот инспектор на Пентагон го испитува користењето на „Сигнал“ за воени цели

20250404073533 big 730x400 95.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Канцеларијата на главниот инспектор на Пентагонот денеска објави дека започнува истрага за користењето на јавната и некласифицирана апликација за пораки „Сигнал“ од страна на американскиот министер за одбрана Пит Хегсет за координација на воздушните напади против јеменските бунтовници Хути кои започнаа на 15 март.

„Целта на оваа проверка е да се утврди до кој степен министерот за одбрана и другите службеници во Министерството ги почитувале политиките и процедурите за користење на јавни апликации за службени комуникации“, се наведува во службена белешка на в.д. главен инспектор, Стивен Стебинс.


Во белешката се додава дека истрагата ќе утврди и дали се почитувани прописите за класификација и чување на документи.

Можете да прочитате

Трамп ја суспендира лотаријата за зелена карта

Грушко: Русија нема да прави компромиси околу НАТО во Украина

Кремљ: Правото и здравиот разум преовладаа во договорот на ЕУ за Украина