Утрински Весник
Македонија

Гир: Ако не сте вакцинирани – вакцинирајте се, јас сега одам да ја примам четвртата доза

Гир: Ако не сте вакцинирани – вакцинирајте се, јас сега одам да ја примам четвртата доза

Амбасадорот на Европската Унија во земјава Дејвид Гир ги повика невакцинираните да се вакцинираат, а вакцинираните да примат дополнителна доза за да го одржат имунитетот за заштита од Ковид – 19. Тој денес заедно со министерот за здравство Беким Сали ги промовираше возилата и фрижидерите за овозможување ладен синџир за дистрибуција на вакцини обезбедни со грант од ЕУ, а по настанот најави дека самиот ќе оди по четврта доза вакцина за заштита од Ковид – 19.

dobivaj vesti na viber

„ Гледаме дека пандемијата полека стивнува но тоа не значи дека треба да бидеме без грижа. Ако не сте вакцинирани – вакцинирајте се, а ако сте вакцинирани чувајте го вашиот имунитет преку дополнителни дози. По овој настан, самиот одам во поликлиниката Букурешт за да примам четврта доза од вакцината“, рече амбасадорот Гир.

Министерот Сали рече дека на располагање имаме 350.000 дози вакцини со рок на траење до декември. Тој извести и дека веќе се стигнати 4 возила со товарен дел за транспорт на вакцините и 35 замрзнувачи до минус осумдесет степени обезбедени со грант од ЕУ, а во процедура за набавка од истиот грант се и уште едно возило, 50 лаптопи, 200 паравани и осум преносни фрижидери за вакциналните пунктови.

Лани пред да почне вакцинацијата кај нас, нашиот здравствен систем на располагање имаше два фрижидери за чување на вакцините на температура до – 80 степени отстапени од Клиниката за трансфузиологија и уште два обезбедени непосредно пред да стигне првата пратка вакцини.

Можете да прочитате

Собранието ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили

СДСМ: Нов скандал со дипломи на повидок, дали Јанев е незаконски назначен на чело на БЈБ?

ВЛЕН: Уживаме во целосна поддршка од меѓународната заедница, црни листи за нашите противници