Утрински Весник
Македонија

Ги видел полицајците, ја заклучил вратата и ги предупредил присутните да бегаат – акција во Гостиварско

Image 187345.jpg

Полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар спровеле акциска контрола во два угостителски објекти на гостиварското подрачје, при што биле приведени 15 странски државјанки, а две лица биле лишени од слобода. При контролата била пронајдена и марихуана.

Акцијата била спроведена во периодот од 02:00 до 04:00 часот.

Во угостителски објект во селото Чегране, околу 02:00 часот полицијата го лишила од слобода М.Х. (50) од Форино. Според полициските информации, откако ги забележал полициските службеници пред објектот, тој ја заклучил влезната врата и ги предупредил присутните да бегаат.

По брза реакција на полицијата, на задниот излез било спречено бегството на повеќе женски лица – странски државјанки.

Во втор угостителски објект, на подрачјето на Полициското одделение Галате, од слобода бил лишен А.А. (53) од Гостивар, откако кај него била пронајдена марихуана.

При контролите во двата објекта биле приведени вкупно 15 странски државјанки на возраст од 19 до 40 години, поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта.

Од нив, 11 биле затекнати во објектот во Чегране, а четири во објектот на подрачјето на ПО Галате. Станува збор за државјанки на Србија, Албанија и Колумбија.

Сите странски државјанки се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Приведен 74-годишник, се самозадоволувал пред осумгодишно дете

ВЛЕН: 74 милиони евра за Клиничката болница во Тетово – носиме историски инвестиции

Современа болница и поквалитетно здравство за граѓаните на источна Македонија