Утрински Весник
Балкан

Гервала не верува во дијалогот Приштина – Белград со посредство на Лајчак

Screenshot 2024 03 21 113027.png

Косовската министерка за надворешни работи и дијаспора Доника Гервала во интервју за КТВ изјави дека не верува во дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на Мирослав Лајчак.

Според неа погрешна е и одлуката на Уставниот суд за враќање на земјиштето на манастирот Високо Дечани, а за динарот не се разговарало во Брисел. „Не, не верувам во дијалогот со посредство на Лајчак. Имам причина да не му верувам на овој дијалог, бидејќи Лајчак даде доволно аргументи за да покаже дека е многу едностран во овој процес“, рече Гервала. За Гервала, Словакот Лајчак е само функционер на ЕУ, кој, како што нагласува, „за да се вклучи во овој процес зема плата на одредено време“. „Лајчак ќе си замине и ќе дојде друг, па мораме да избереме кому ќе му веруваме во вакви процеси. Имаме доверба во Соединетите Американски Држави, имаме доверба во Германија, имаме доверба во Обединетото Кралство“, рече таа и додаде. „Курсот што го следи дијалогот што го води Лајчак, а ние тоа го нагласуваме од 2021 година. Ја искористив секоја можност што ја имав со моите колеги и други претставници на меѓународната надворешна политика да покажам дека имаме многу загриженост за тој процес“, посочи косовската министерка. Затоа, нагласи таа, „функционерите доаѓаат и си одат, главното партнерство на Косово е со САД, со ЕУ – земји-членки – и со Обединетото Кралство“. Таа во контекст на дијалогот рече дека Заедницата на општини со српско мнозинство во 2013 и 2015 година е „мртов“.

Можете да прочитате

Резултати од вештачењето на автомобилот кој удри во Данка Илиќ: Нема траги на нејзино ДНК

Ескобар заминува оти му е истечен мандатот, а не дека е разрешен

Се урна рингишпил во Куршумлија – повредени 13 деца едно е во животна опасност