Утрински Весник
Спорт

Германски хулигани облечени во англиски дресови направиле хаос во Лондон

Германски хулигани облечени во англиски дресови направиле хаос во Лондон
Dik 300x250 mk

Сериозен инцидент предизвикале германските хулигани во Лондон, неколку часа пред почетокот на натпреварот Англија-Германија (3:3).

dobivaj vesti na viber

Пред натпреварите на Вембли, Англичаните традиционално се собираат во пабот „Грин мен“ во близина на стадионот. Некогаш и со децата застануваат на пијалак пред репрезентативните натпревари. Германските хулигани, кои го смислија пеколниот план, очигледно го знаеле тоа.

Според англиските медиуми, околу стотина германски хулигани, облечени за таа пригода во боите на англиската репрезентација, влетале во пабот. Вооружени со боксери и мачети, маскираните германски хулигани предизвикале хаос во кој пет лица завршија во болница. Пет лица се здобиле со тешки повреди, тие завршиле во болница, уште 20 навивачи се здобиле со полесни повреди.

 

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен