Утрински Весник
Свет

Германија во 2025 година планира да ја намали воената помош за Украина

Germanija Ukraina.jpg

Германија планира во нацрт-буџетот за 2025 година да ја преполови својата билатерална воена помош за Украина и да се потпре на приходите од замрзнатите руски средства за да продолжи да го поддржува Киев.

-Владата на Олаф Шолц, која се обидува да заштеди пари, не планира „никаква дополнителна помош“ од четири милијарди евра буџетирани за следната година за воена помош за Украина, изјави извор од германскиот парламент.

Годинава помошта на Берлин, вториот придонесувач по САД, изнесува осум милијарди евра.

Можете да прочитате

Трамп: Постои добра шанса за договор со Иран

Литванија го повика НАТО да ја нападне руската енклава Калининград

Пукање во џамија во Сан Диего: Петмина мртви, осомничените извршиле самоубиство